Трајна лична карта
Posted by lupcobocvarov on јануари 26, 2012
inicijativa za licna karta
-
FROM:
Lubomir Bocvarov
TO:
mail@ustavensud.mk
Message flagged Thursday, January 26, 2012 1:21 PM
-
У. Број: _____/2012
.
Дата на поднесување: 01/26/2012
.
До Уставниот суд на Република Македонија
.
Иницијатива
.
од Љубомир Бочваров, од 2220 Свети Николе, “25 мај 11“,
тел. 032/440-710
cooper_bocvar@yahoo.com
.
Предлагам Уставниот суд на Република Македонија да донесе ваква
.
О Д Л У К А
.
Во Членот 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта (Сл.Весник на Р.Македонија бр.19 од 19.02.2007 година), зборовите по запирката “ но најдолго до три години од денот на влегувањето во сила на овој закон.“ СЕ УКИНУВААТ..
Посебно барање:
.
Барам Уставниот суд да донесе привремена мерка со која до донесувањето на предложената Одлука ќе ја одложи примената на Законот за изменување на Законот за личната карта (Службен весник на РМ, бр. 10 од 25.01.2010 година) со кој од три на пет години е изменет рок од членот 14 на Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта (Сл.Весник на Р.Македонија бр.19 од 19.02.2007 година) – бидејќи тој одложувачки рок истекува на 27.02.2012 година.
.
Образложение
.
1. Според член 2 од Законот за личната карта (Сл. Весник на Р.Македонија бр.08/95 од 15.02.1995 година) пропишана е обврска:
“Секој граѓанин со наполнети 18 години живот должен е да има лична карта.“
.
2. Според член 7 од истиот Закон, таа обврска граѓанинот ја исполнува така што врз основа на негово писмено барање Министерството за внатрешни работи му издава лична карта и тоа:
“ На граѓанин помлад од 25 години живот личната карта му се издава со рок на важење од 7 години, на граѓанин од 25 до 50 години живот личната карта му се издава со рок на важење од 15 години, а на граѓанин постар од 50 години живот личната карта му се издава со трајно важење.“
.
3. Според Членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта (Сл. весник на Р Македонија бр.16/04, од 22.03.2004 год.), од стапувањето во сила на ТОЈ закон па во иднина, “Личната карта се издава со рок на важење од десет години, а за граѓанин помлад од 27 години живот со рок на важење од пет години.”.
.
4. Според член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта (Сл.Весник на Р.Македонија бр.19 од 19.02.2007 година) “ Личните карти издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдолго до три години од денот на влегувањето во сила на овој закон.“
.
5.Според член 1 од Законот за изменување на Законот за личната карта (Службен весник на РМ, бр. 10 од 25.01.2010 година) одложувачкиот рок за важење на личните карти е изменет на пет години.
.
6.
Одредбата на членот 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта (Сл.Весник на Р.Македонија бр.19 од 19.02.2007 година),
- “Личните карти издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдолго до три години од денот на влегувањето во сила на овој закон.“,
.
- во делот “ но најдолго до три години од денот на влегувањето во сила на овој закон.“
.
- е спротивна на Уставот на Република Македонија
.
- бидејќи го нарушува принципот на владеење на правото
.
- со тоа што важењето на личната карта која на граѓанинот му била издадена со трајно важење
.
- ја ограничува на три/пет години сметано од 27.02.2007 година, кога тој Закон стапил во сила.
.
7.
Граѓанинот кој има лична карта со трајно важење еднаш засекогаш ја исполнил својата обврска да има лична карта.
Спротивно на принципот на владеење на правото е со подоцнежен закон да се пропишува ништовност на веќе исполнетата обврска.
Според член 52 став 4 од Уставот на Република Македонија
“Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство,
освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.“
.
8.
Што за граѓанинот е поповолно утврдува тој самиот.
Ако му е нужда, граѓанинот може да побара да му се издаде нова лична карта во постапка каде од него се земаат биометриски податоци и така граѓанинот самоволно ќе се вклучи во новиот рок на важење на личната карта (најмногу до 10 години).
.
9.
Колку што мене ми е познато во практиката, за добивање одредени права (субвенции, пензии,) управните органи, јавните фондови (пензискиот и здравствениот) па дури и банките на стари луѓе со лични карти со трајно важење им бараат нови лични карти.
.
Молам Уставниот суд на Република Македонија поитно да одлучи по мојава иницијатива и барањето за привремена мерка.
.
Со почит,
Љубомир Бочваров
.
Posted in миленичиња | 2 Comments »
